Со новиот Закон за работни односи се скратува времетраењето на договорите на определено време
Со новиот Закон за работни односи, се скратува времетраењето на Договорите на определено време, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа очекува од пратениците што побрзо да го донесат законското решение недела неработен ден бидејќи тој е во интерес на сите граѓани.
„До Министерството за труд и социјална политика секојдневно пристигнуваат прашања, кога ќе стапи на сила ова законско решение, од синдикатите исто така. Станува збор за едно законско решение за кое што ние заедно со социјалните партнери во Економско социјалниот совет, го преговаравме преку јавни и широки дебати во општеството, почнувајќи од декември минатата година до сега и е усогласено меѓу социјалните партнери,“ рече Шахпаска за „Утрински брифинг“
Со законското решение недела неработен ден осум проценти од работниците ќе работат во недела, за нив е предвидена минимум 50 проценти повисока дневница, додека пак вработените во трговските центри ќе работат само една смена со 100 проценти повисока дневница. Два проценти од годишниот промет на моловите во недела е предвидено да оди за изградба на градинки. Ова законско решение претставува баланс меѓу приватниот и професионалниот живот на граѓаните.
Министерката Шахпаска на прашањето околу подготовката на новиот Закон за работни односи посочи дека ова законско решение е подготвено и дека наскоро ќе биде отворена и широка Јавна расправа. Како значајна новина која го носи ова законско решение, таа го посочи скратувањето на времетраењето на Договорите на определено време, кои во моментов се со времетраење до пет години. Барање на работниците кое со години наназад го очекуваат.
„Со Договорите на определено време, ќе се гарантира поголема сигурност и пристап до права за работниците, а за работодавачите овие договори генерираат задоволни работници. Во подготовката на новиот Закон за работни односи, учествуваа сите чинители во општеството, претставници на работниците, работодавачите, Меѓународната организација на трудот, експерти од областа на трудот. Во социјалниот дијалог нема победници и поразени, туку целта е да се постигне компромис меѓу сите засегнати страни“, рече Шахпаска.
КСС: Работничките права повторно се под манипулација
„Ден на неделен одмор е недела“ – Измените на ЗРО пред Комисијата за труд
Работна средба во Стопанската комора во врска со измените на ЗРО и подзаконските акти
МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде ден на неделен одмор
Шахпаска: Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија
Целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство во измените на ЗРО
Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО
Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор
Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии
Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците
Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство
Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право
Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП
Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ
Се подготвуваат измени на Законот за работните односи
M.В