/ Прочитано:

828

Со пароли и навредливи извици, но без инциденти, малолетните демонстранти се повлекoa во Чаир

Петок, 8 март 2013 –  Групата млади лица, кои по денешната молитва во 13 часот, од Јајапашината џамија се упатија кон Владата, попладнево се разотидоа без поголеми иниценти. Меѓу лицата најмногу се најдоа малолетници кои со пароли и навредливи извици го завршија 10-минутниот протест, откако полициската барикада кај стоковна куќа „Мост“ ги спречи да се упатат кон Владата. 

Откако групата млади луѓе извикувајќи „УЧК“ и низа навредливи зборови за Македонците, фрлајќи петарди, беа спречени од полициската барикада, се упатија назад кон Битпазар. Групата постојано беше следена од униформирани полицијаци. Групата, од џамијата „Јаја паша“ маршираше до надвозникот кај Стоковната куќа „Мост“, каде под надвозникот полицијата имаше поставено блокади, полициски возила и неколку кордони од полициски специјалци. Беа блокирани сите приоди кон Владата и кон центарот на градот. При повлекувањето кон Чаир, групата искрши една автобуска постојка и неколку стакла. Откако го премина мостот и застана на самиот почеток од улицата „Џон Кенеди“, беа фрлени неколку камења кон полицијата, но за среќа повозрасните меѓу нив ги одвлекоа од намерата да предизвикаат нереди.
Денешните протести не беа официјално пријавени, но како што беше најавувано, се организираа поради револт кај албанското малцинство за тепањето и нападите врз деца од албанска националност по немирите кои се случија до текот на минатиот викенд по повод именувањето на министерот за одбрана Талат Џафери.