/ Прочитано:

1.496

Со подобрена регулатива кон подобра заштита на жртвите на семејно и родово базирано насилство

Министерството за труд и социјална политика во април 2018 година изработи национален Акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство. Акцискиот план како своја прва цел го предвидува усогласувањето на националните закони со одредбите на Конвенцијата. За таа цел се формираше и работна група која учествува во подготовката на Предлог-законот за спречување и заштита од родово базирано насилство.

Од Хелсиншкиот комитет информираат дека учествуваат со свои претставници во оваа работна група, која досега се состана два пати – во месец декември 2018 година и во февруари 2019 година.

„Имено, со Законот ќе бидат дефинирани поимите род, пол, родово базирано насилство, жена, жртва, родов идентитет; ќе ја забранува дискриминацијата врз сите основи предвидени со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација; ќе се гарантира правото на жените да живеат слободни од насилство, како во јавната, така и во приватната сфера; Законот ќе утврдува обврска за задолжителна обука на професионалци кои обезбедуваат услуги на жртви на родово базирано насилство во областа на здравството, образованието, полицијата, правосудниот систем, социјалната заштита и други области; семејното насилство ќе биде регулирано согласно одредбите на Конвенцијата; ќе се утврдат мерки насочени кон елиминирање на родово базираното насилство на ранливите категории на жени (бремени жени, жени со мали деца, жени со попреченост, рурални жени, жени кои употребуваат дроги, сексуални работнички, мигрантки, лезбијки, бисексуалки и трансродови луѓе, жени кои живеат со ХИВ, бездомнички и др.); ќе се вклучи принципот на должно внимание на интересите и потребите на жртвите на насилство при дизајнирањето и спроведувањето на сите мерки предвидени со Законот; ќе се регулира формирањето на национално постојано тело за родово базирано насилство, составено од релевантни институции и организации; ќе се регулира воспоставувањето сеопфатни програми за јакнење на жртви на родово базирано насилство; ќе се утврди обврска за спроведување истражувања за сите форми на родово базирано насилство, вклучувајќи го и семејното насилство и ќе се утврди која институција ќе биде надлежна за собирање на податоците во врска со родово базираното насилство и на кој начин тие податоци ќе се собираат“, соопштуваат од Комитетот.

„На двете средби на работната група каде што присуствуваше претставник на Хелсиншкиот комитет, меѓу другото, се дебатираше и околу тоа дали семејното насилство ќе биде регулирано во посебна глава или хоризонтално ќе се регулира во целиот текст на новиот закон, бидејќи семејното насилство е најчест и најприсутен облик на родово базирано насилство. Мислењето на нашиот претставник и на дел од претставниците на граѓанските организации кои директно работат со жртвите во обезбедување нa сервиси и поддршка е новиот Предлог- закон да содржи посебна глава за семејно насилство“, додаваат од Хелсиншкиот комитет.

„Иницијативата за донесување на Закон за спречување и заштита од родово базирано насилство кој ќе ги следи стандардите кои ги дефинира Истанбулската конвенција, како и сеопфатниот процес на вклученост и консултации со граѓанскиот сектор во неговата изработка е за поздравување“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Месечен извештај за состојбата со човековите права

Скопски ресторан упати јавно извинување за дискриминацијата врз девојка која носела хиџаб

Случаи на неефикасна заштита на жртви на семејно насилство

Препораки во Годишниот извештај за спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост

Дискусија во Собранието за малолетничките бракови: Државата премолчено одобрува склучување бракови и со 16 години

Информатор за дискриминацијата врз жените и статистика за родово базирано насилство

Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка

16 дена активизам против родово базирано насилство

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани

АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело

„Родово базираното и психичкото насилство врз жените сè уште не се препознаваат“ – интервју со адвокатката Марта Гусар

Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда

Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците

Усвоен Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција во која насилството врз жените се дефинира како кршење на човековите права

Владата ја усвои информацијата за ратификација на најзначајниот меѓународен документ за борбата со насилството врз жените и домашното насилство

Ратификацијата на Истанбулската конвенција – значаен исчекор во борбата против насилството врз жената и домашното насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна ратификација на Истанбулската конвенција

М.В

М.В