Со системот на е-жалба за јавните набавки целокупната жалбена постапка би се одвивала по електронски пат
Една од заложбите на Државната комисија за жалби по јавни набавки нотирани во стратешкиот план за 2019 година се однесува на одржувањето и надградбата на електронската архива, како и на воведувањето електронски систем за управување и водење на целокупната жалбена постапка пред Државната комисија, односно воведување на е-жалба.
Во таа насока, како што се посочува во стратешкиот план и програма, Комисијата ќе преземе активности за развој, одржување, надградба и усовршување на електронската архива, потоа за надградба и усовршување на веб-апликацијата за пребарување одлуки донесени од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки и електронско поврзување на системот на Државната комисија со електронскиот систем за јавни набавки ЕСЈН, Управниот и Вишиот управен суд.
Државната комисија посочува дека ќе се преземат активности и во врска со електронското управување со документи и извршување на административните услуги по електронски пат.
„Со цел зголемување на транспарентноста во работењето на Државната комисија, како и зголемување на довербата на договорните органи и економските оператори во системот за правна заштита во процесот на доделување на договори за јавни набавки, потребнo е надградба и доусовршување на софтверот за полесно и целосно пребарување на дата базата на одлуките на Државната комисија. Со цел полесно изготвување на Годишниот извештај за работењето на Државната комисија потребно е и надградба на електронската архива преку што ќе се преземаат потребните статистички податоци“, истакнуваат од Државната комисија.
Воедно, додаваат од Комисијата, потребно е да се стави во функција системот на е-жалба, преку кој целокупната жалбена постапка би се одвивала по електронски пат. Целата комуникација ќе биде олеснета преку поврзување на новиот систем со веќе имплементираниот систем ЕСЈН.
„Воведувањето на ваков интегриран систем за поврзување на сите инволвирани страни во жалбената постапка пред Државната комисија по електронски пат во реално време, односно воведување на електронска жалба ќе придонесе да се имплементира заштитен електронски систем, со што системот на Државната комисија ќе се поврзе со електронскиот систем за јавни набавки ЕСЈН (договорни органи и економски оператори), како и Управниот суд и Вишиот управен суд (во случај на тужба или жалба на пресуда). Со имплементација на овој систем целата комуникација ќе биде олеснета преку поврзување на новиот систем со веќе имплементираните системи на ЕСЈН и ќе биде постигната компатибилност со Законот за општа управна постапка во сите делови кои се повикуваат на електронската комуникација и препраќање на предмети во електронска форма, како и известување за статус и зададени рокови. Целокупната постапка пред Државната комисија, од поднесување на жалбата до донесувањето на решението и неговото доставување до заинтересираните страни, би била по електронски пат“, се вели во Програмата за работа на Комисијата за 2019 година.
Годишен извештај за работењето на Државната комисија за жалби по јавни набавки
Стапува во примена новиот Закон за јавните набавки
Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2019 година
Новиот Закон за јавните набавки објавен на Академика
Донесен новиот Закон за јавните набавки
Предлог-законот за јавните набавки на собраниска седница
Се воведуваат е-планови и е-жалби за потранспарентни јавни набавки
Министерството за финансии во врска со реформите и јавните финансии
Бирото за јавни набавки ќе врши контрола на ризиците од корупција при јавните набавки
Предлог-законот за јавните набавки пред Законодавно-правната комисија
Новините за јавните набавки образложени на комисиска расправа во Собранието на РМ
Новиот Закон за јавните набавки во собраниска процедура
Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки
Многу ниска конкуренција на локалните тендери
Намалување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки
Правото на жалба и битните повреди на законот во Нацрт-законот за јавните набавки
Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки
Објавен е текстот на Предлог-законот за јавните набавки кој е во фаза на подготовка
Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги
Во подготовка измени на Законот за јавните набавки
М.В