/ Прочитано:

746

Со судска одлука САД бара од Иран да плати 6 милијарди долари оштета за 9/11

Четврток, 4 октомври 2012 – Американски суд донесе пресуда со која бара од Иран да плати оштета од 6 милијарди долари за жртвите на терористичките напади во Њујорк од 11 септември 2001 година. Сепак, одлуката повеќе се оценува како симболично барање, пренесува Франс Прес.

Иако Иран негира било каква поврзаност со 9/11 , беше вклучен во листата на наводните виновници од страна на Окружниот суд во Њујорк, заедно со либанската милитантна група Хезболах, Талибанците и Ал Каеда. Иранскиот врховен лидер, Ајатолах Али Хаменеи исто така се споменува во пресудата.

Во одлуката на судот како една од причините се наведува податокот дека дел од напаѓачите кои ги киднапирале авионите, пред доаѓањето во Америка престојувале во Иран. Судијата Џорџ Даниелс, одлуката за барање на отштета ја донел минатата година, додека сега само било пресметано колку таа ќе изнесува. Пресудата е збир на повеќе  судски одлуки по тужбите поднесени од семејствата на 47  жртви на нападите, во кои загинаа речиси 3000 лица.