/ Прочитано:

1.109

Со укинување на сметкопотврдата се поедноставуваат процедурите

Сметководителите ја поздравуваат иницијативата на Министерството за финансии за намалување на административниот товар и за поедноставување на постапката.

„Ова беше непотребна процедура која го оптоваруваше работењето. Со тргање на сметкопотврдата се поедноставува постапката бидејќи сега имаме само еден документ при обработка на податоците. Претходно имавме два идентични. Се штеди време, се штеди простор, се штеди хартија, и навистина со ова ќе се олесни нашата работа“, вели Елизабета Ицева, финансиски менаџер.

„Со ова воглавно ќе се подобри администрирањето помеѓу даночните обврзници во самиот промет и она што е уште поедноставно и полесно кај даночните обврзници е дека ќе се избегне онаа евиденција и чување на хартијата во нивните простории. Она на што би обрнал повеќе внимание кај даночните обврзници е дека укинувањето на сметкопотврдата не претставува избегнување на обврската за докажување на прометот“, истакнува  Звонко Кочовски, овластен ревизор.

Измени во Законот за ДДВ за укинување на сметкопотврдата

Законски новини за легализацијата на бесправните објекти и за данокот на додадена вредност

Се зголемува прагот за ДДВ обврзник

Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

УЈП: Веб-апликацијата „МојДДВ“ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки

Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

М.В