/ Прочитано:

971

Со Законот за Академијата ќе се создадат судии и обвинители со висок интегритет, велат од Министерството за правда

Министерството за правда истакнува дека новиот Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители обезбедува високи критериуми, систем на ревизија, транспарентност и јавност, и се очекува да се создадат судии и обвинители со висок интегритет.

„Членовите на работната група ги оценија предложените законски решенија како основа за избор на најквалитетните и најстручните кадри, кои треба да го подигнат нарушениот углед на судството и на јавното обвинителство. Квалификацискиот тест, кој е еден од четирите тестови од приемниот испит, според постојниот закон се смета за положен со 40,5 бодови. Со новото законско решение овој праг значително се зголемува, што несомнено ќе придонесе кон избор на квалитетни судии и јавни обвинители. Познавањето на англискиот јазик сега нема да се докажува само со приложување на меѓународен сертификат, туку со полагање на електронски тест изготвен од професори. Причина за воведување на оваа измена е токму скандалот кога беа откриени фалсификувани дипломи за познавање на странски јазик.

Што се однесува до укинувањето на рангирањето според оценката постигната на факултетските студии, тоа беше по препорака на експерти на Европската комисија поради бројните правни факултети во државата, неуедначената студиска програма и високата и нереална проодност на факултетите“, велат од Министерството за правда.

Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, додаваат од Министерството, беше објавен на Единствениот национален електронски регистар уште пролетта, а беше изготвен од стручна работна група составена од професори, судии и јавни обвинители.

Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители пред Комисијата за политички систем

Комисиска расправа за новиот Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители

Новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители со европско знаменце во собраниска процедура

Објавен Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Министерството за правда подготвува нов Закон за Академијата за судии и јавни обвинители

Прифатен Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022

Усвоен Првиот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор

Советот за Стратегијата за реформи на правосудниот сектор: Потребна е реформа на Академијата за судии и јавни обвинители

Формиран Советот за следење на имплементација на Стратегијата во правосудството 2017 – 2022

Усвоена Стратегијата за реформи во правосудниот сектор

М.В