/ Прочитано:

1.533

СОБРАНИЕ: Мандатот на Ушковски како член на Судскиот совет истекува на 21 април 2016 година

Како што информираат од Собранието, Ушковски бил избран за член на Советот на 21 април 2010 година со мандат од шест години.

Судски совет прослава на Денот на правосудството

Мандатот на актуелниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски, како член на Советот истекува на 21 април 2016 година.

Како што информираат од Собранието, Ушковски бил избран за член на Советот на 21 април 2010 година со мандат од шест години.

„Да потсетиме дека Судскиот совет од своите членови потоа самостојно го бира претседателот на Советот.  Врз основа на  Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 60/2006 и 69/2006), на Бранко Ушковски на ден 21 април 2016 година му завршува мандатот, а со тоа и функцијата во Судскиот Совет на Република Македонија“, се наведува во соопштението од Собранието.

Ушковски беше избран на местото претседател на Судскиот совет на 13 март минатата година.

Тој беше единствен кандидат, предложен од страна на Влатко Самарџиоски, член во Советот, и беше избран со 13 гласа „за“, а едно гласачко ливче беше неважечко.

Претседателот на Советот се избира од редот на членовите на Советот со мнозинство гласови од членовите со право на глас, со тајно гласање. Мандатот на претседателот на Советот трае три години, со право на повторен избор.