/ Прочитано:

2.231

Собрание на РМ: Германски предлог за создавање институција правобранител за војска

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија оствари средба со Рејнхолд Робе, поранешен пратеник во Германскиот бундестаг и поранешен омбудсман во Армијата на Сојузна Република Германија, информираат од Собранието на РМ.

„Во фокусот на разговорите беше предлогот на поранешниот пратеник Робе за создавање на институцијата правобранител за војска, секако, според потребите во нашата земја. Оваа функција постои во Германија уште од 50-тите години, создадена по војната со цел силна контрола на парламентот над армијата. Правобранителот за војска има посебни уставни права, меѓу кои и да смее без најава да врши инспекциски посети на војската и министерството. Од друга страна, Робе информира дека водејќи се од искуството во  минатото, Уставот на Германија дозволува војниците да изразат непослушност за наредби кои сметаат дека се косат со законите“, се вели во соопштението на Собранието на РМ.

Во оваа насока, со германска помош, со поддршка од Фондацијата „Фридрих Еберт“ и со консензус добиен од Комисијата за одбрана и безбедност треба да се креираат нови легислативи за подобрување на секторот безбедност во интерес на граѓаните и на државата.

M.В