/ Прочитано:

1.114

Собранието ги донесе измените на Законот за заштита од пушењето

Вторник, 12 ноември 2013 – Собранието денеска во рамки на 74-та седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка. За пушење на недозволени места отсега ќе казнува и УЈП и МВР.  

Со предложените измени се предвидува проширување на опфатот на инспекциските служби кои ќе може да казнуваат за пушење на недозволени места. Се предвидува  инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите  од  овој закон да вршат Државниот пазарен инспекторат, Државниот  санитарен  и  здравствен  инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи. 

Државниот просветен инспекторат ќе врши инспекциски надзор во објектите во кои се одвива основно, средно и високо образование, научни институции, ученички  и  студентски  домови, јавни и приватни воспитно – образовни  и згрижувачки установи и игротеки.