Џафери е новиот министер за одбрана, Бесими за евроинтеграции, Хани за локална самоуправа
Понеделник, 18 февруари 2013 – Собранието на Република Македонија на 55-та седница денеска ги избра Фатмир Бесими за министер без ресор кој ќе биде задолжен за евроинтеграциите, а Талат Џафери и Тахир Хани за нови министри за одбрана односно за локална самоуправа. За Џафери гласаа 65, а за Бесими и за Хани 64 пратеници.
Со изборот за министер на Талат Џафери му завршува мандатот како пратеник во Собранието. На негово место треба да дојде следниот кандидат од листата на ДУИ од последните парламентарни избори. Собранието изгласа и нови заменици во Mинистерствата за транспорт и врски, за внатрешни работи и за финансии.
Досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Теута Арифи и министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, поднесоа оставки на нивната функции по нивната кандидатура за градоначалници на претстојните локални избори.