/ Прочитано:

1.770

Собранието го избра Јован Јосифовски за судија на Уставниот суд на РМ

Понеделник, 24 декември 2012 – По изгласувањетон Буџетот на РМ за 2013 година, Собранието на РМ, во отсуство на пратениците на опозицијата си продолжи со дневниот тек на 49-тата седница.  Како втора точка на дневниот ред беше разгледан и усвоен Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија, со кој за нов уставен судија беше избран Јован Јосифовски, правник и поранешен член на Државната изборна комисија.

Јосифовски ќе дојде во Уставниот суд на местото на Вера Маркова, чиј мандат истекува во јануари следната година. Тој е правник и поранешен член на Државната изборна комисија (ДИК), доби поддршка од членовите на собраниската Комисија за избори и именувања на седницата што се одржа на 11 декември оваа година. За Уставен судија беше предложен од претседателот на Комисијата за избори и именувања.

Собранието го избра и Курштрим Рамадани за член на Регулаторната комисија за енергетика.