/ Прочитано:

785

Собранието на Албанија едногласно го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец

Понеделник, 18 март 2013Собранието на Република Албанија со 120 гласа „за“, едногласно, го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, чиj назив на албански беше Лиќенас, соопшти Светскиот македонски конгрес (СМК). 

„Неправдата е исправена. Ова е историска придобивка на Македонците во Албанија и поттик за натамошно унапредување на положбата и правата на Македонците. Ние сме лојални граѓани на Република Албанија, таа е наша татковина, и оваа одлука на Собранието на Албанија е заслужена и долгоочекувана“, изјави претседателот на Македонска алијасна за европска интеграција и градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко. 

На седницата на албанското Собрание за време не донесувањето на Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, присуствуваа Едмонд Темелко, како градоначалник на општина Пустец и претседател на Македонската партија во Албанија и Васил Стерјовски, претседател на Унијата на млади сили на Македонската партија во Албанија. 

Од СМК со честитки до македонсата заедница во Албанија за донесување на овој закон и изразување очекување на престојните парламентарни избори Македонците во Албанија, обединети, како што велат, во единствената Македонска партија во оваа соседна земја, да добијат пратеник во албанскиот законодавен дом. 

Темелко деновиве изјави дека доколку албанскиот Парламент не го изгласа законот за враќење на автентичните топоними на населениете места во Мала Преспа, Македонците во Албанија ќе ги бојкотираат парламентарните избори, закажани за 23 јуни.