/ Прочитано:

2.337

Собранието одлучи по барањето на Кривичниот суд и им го одзеде имунитетот на пратениците кои ги гони Обвинителството

Одлучувајќи по барањето на Кривичниот суд и извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, пратениците на денешната седница одлучија да ги одобрат барањата на Кривичнот суд и да го одземат имунитетот на пратениците: Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, поднесени од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на 28 ноември.

Пратениците на кои им е одземен имунитетот од страна на Собранието ги гони Основното јавно обвинителство за настаните во Собранието  кои се случија на 27 април 2017 година. Според Уставот на РМ, пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ги одобри барањата за притвор на пратеници

Кривичниот суд објави соопштение за определениот притвор на лицата кои ги гони Обвинителството за настаните во Собранието

Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

ЈОРМ: Триесет и шестмина се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

М.В