Собраниска постапка за утврдување предлог-листа за именување на претседател и членови на Антикорупциската комисија
Денеска на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата е утврдувањето на предлог-листа за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси се пропишува дека Комисијата за селекција утврдува ранг-листа на кандидатите согласно со утврдените критериуми и ја доставува до Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, која во рок од два дена најдобро рангираните кандидати му ги предлага на Собранието на Република Македонија во единствена предлог-листа за претседател и членови на Државната комисија, со образложение за секој од предложените кандидати.
Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија не ја утврди листата во утврдениот рок, Собранието расправа и гласа поединечно за секој од кандидатите кои ги исполнуваат условите согласно со ранг-листата составена од Комисијата за селекција.
Доколку Собранието не избере претседател и членови на Државната комисија, постапката за избор се повторува во целост со објавување конкурс веднаш, а не подоцна од рок од десет дена.
Во постапката за избор на претседател и на членови на Државната комисија се земаат предвид принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност.
Кандидатите за претседател или член на Државната комисија кои сметаат дека во постапката за избор на претседател или член на Државната комисија се прекршени законските одредби имаат право на тужба до Управниот суд. Постапката пред Управниот суд е итна.
Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место
Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата
Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција
Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата
Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата
Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение
Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура
ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата
Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста
Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата
Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти
M.В