Содржината на наредбите за посебните истражни мерки според новите измени на ЗКП
Со новите измени на ЗКП се менува и членот 257 од Законот, кој се однесува на содржината на наредбата и на привремената писмена наредба.
Како што се определува во законските измени, наредбата со која се определува една или повеќе посебни истражни мерки содржи:
– законски назив на кривичното дело,
– лицето или предметите врз кои ќе се применат мерките,
– техничките средства кои ќе се применат,
– обемот и местото на спроведување на мерките,
– сознанијата и доказите врз основа на кои се засноваат основите на сомневање и образложение за причините поради кои податоците или доказите не можат да се соберат на друг начин,
– органот што треба да ја спроведе наредбата и
– времетраењето на мерката.
Привремената писмена наредба покрај овие елементи содржи и податоци за времето (ден, месец, година, час и минута) кога надлежниот јавен обвинител усно од надлежниот судија побарал издавање на привремената писмена наредба.
Наредбата, односно привремената писмена наредба за следење и снимање на комуникациите од, треба да ги содржат и видот на телекомуникацискиот систем, телефонскиот број или друг податок за идентификација на телекомуникацискиот приклучок, како и идентификацискиот број за секој од нив поодделно.
Анонимизираниот примерок на наредбата односно привремената писмена наредба се доставува до Оперативно-техничката агенција ги содржи:
– број на наредбата и органот кој ја издал,
– техничките средства кои ќе се применат,
– времетраењето на посебните истражни мерки и идентификациониот број и
– видот на телекомуникацискиот систем, телефонскиот број или друг податок за идентификација, како и идентификацискиот број за секој од нив поодделно.
Анонимизираниот примерок од наредбата односно привремената писмена наредба од ставовите, кој за потребите на надзорот и контролата што се врши согласно одредбите на овој закон, содржи податоци за:
– бројот на наредбата и органот кој ја издал,
– времетраење на мерката и
– идентификацискиот број.
Анонимизацијата на податоците во наредбата, односно привремената писмена наредба ја врши судијата кој ја издал наредбата.
Начинот на анонимизацијата и на евидентирањето во соодветниот уписник во судот на анонимизираните примероци го пропишува министерот за правда.
Донесени измените на законите за судовите, за јавното обвинителство и за кривичната постапка
М.В