/ Прочитано:

1.041

„Сојузот за иднината“ ќе протестира пред Јавното обвинителство поради отфрлување на кривичната пријава против Трајко Вељановски

Понеделник, 11 март 2013 –  „Сојузот за иднината најавува мирен протест пред Јавното обвинителство, заради одбивањето на кривичната пријава за Трајко Вељановски за случувањата во Собранието на 24 декември.

Опозицијата кон крајот на јануари поднесе кривична пријава против Вељаноски за злоупотреба на службената положба  и овластување, потпишано од 42 пратеника за насилното исфрлување на пратениците на опозицијата од собраниската сала.

Протестот е најавен за во 12 часот, а на него ќе зборува пратеничката Радмила Шекеринска.