/ Прочитано:

1.598

Соопштение до јавноста на Академијата за судии и јавни обвинители, во врска со случајот за фалсификувани сертификати

Академијата за судии и јавни обвинители објави соопштение во врска со информациите дека на огласот се пријавиле лица кои имаат приложено фалсификати на сертификатите за положен англиски јазик.

„По приемот на пријавитe по огласот објавен во ‘Службен весник на РМ’  бр.163/2016 од 30.8.2016 година, а по истекот на рокот на огласот на 14.9.2016 година,  на ден 26.9.2016 година, во Академијата беше примена анонимна пријава со наводи за сомнежи и сознанија дека на огласот се пријавиле лица кои имаат приложено фалсификати на сертификатите за положен  англиски јазик. Веднаш по приемот на анонимната пријава, на 26.9.2016 година, анонимната пријава со барање на директорот за испитување на наводите беше доставена до Основното јавно обвинителство, на чие барање се доставени и сите приложени сертификати без исклучок и од тој момент сите понатамошни дејствија се преземаат од страна на надлежното јавно обвинителство.

Најостро го демантираме секој спектакуларен навод или призвук дека Академијата ги крие информациите за сертификатите, како и дека директорот се крие, бидејќи во согласност со член 32 став 1 алинеја 15 од Законот за Академија (‘Службен весник на РМ’ бр.20/2015), како овластено лице е одговорно за законитоста на работењето на Академијата, a не е имател на информациите, ниту е овластено да дава какви било информации во согласност со член 289 од ЗКП, со цел почитување на начелото на тајноста на предистражната постапка и заштита на начелото на пресумпција на невиност во согласност со ЕКЧП“, се вели во соопштението на Академијата.

М.В