/ Прочитано:

1.465

Соопштение на Антикорупциската комисија во врска со постапката за избор на ректор на УКИМ

„Во состојба на отсуство на претседател на Сенатот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ), во сегашнава ситуација ректорот во својство на претседавач со Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста на работењето на Сенатот. Имено, согласно член 98 став 1 точка 2 од Законот за високото образование ректорот ги извршува одлуките и заклучоците на Сенатот, додека согласно член 162 од актуелниот Статут на УКИМ претседателот на Сенатот (во овој случај ректорот како претседавач) е одговорен за законитоста и статутарноста на работењето на Сенатот. Со тоа во сегашната ситуација ректорот се поставува во позиција самиот себе да се контролира. Затоа не случајно во Законот за високото образование е предвидено воведување на нова функција – преседател на Сенат, при што согласно член 97 став 7 од Законот за високото образование – Ректорот и проректорите се членови на Сенатот по положба, без право да учествуваат во одлучувањето и без право да бидат избрани за претседатели на сенатот. Исто така во член 150 од актуелниот Статут на УКИМ е изрично наведено дека ректорот и проректорите се без право да бидат избрани за должноста претседател на Сенатот“, соопштуваат од Антикорупциската комисија.

„Со самото тоа што постојниот ректор едновремено претседава со Сенатот, но исто така се јавува и како кандидат за ректор, тоа го доведува до состојба на потенцијален судир на интереси што реално може да влијае врз непристрасното преземање на дејствијата во постапката за избор на ректор и спротивставеност на личниот интерес со службените должности во услови на концентрација на надлежности. За таа цел, ДКСК ќе постапи согласно своите законски надлежности за утврдување на постоење на судир на интереси“, додаваат од Комисијата. Соопштението на Комисијата во целост на следниот линк.