Соопштение на ДИК: Изборните органи да работат професионално, а набљудувачите да се придржуваат до Кодексот
Државната изборна комисија објавува соопштение во кое апелира до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на Референдумот 2018, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.
Акредитираните набљудувачи при вршењето на набљудувањето се должни да се придржуваат на правилата и процедурите од Кодексот за набљудување на Референдумот 2018 и доследно да ги применат законските прописи кои произлегуваат од Кодексот.
Набљудувачите се должни да ги познаваат и да ги почитуваат одредбите на Изборниот законик, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и Кодексот за набљудување на референдумот и да се придржуваат кон одредбите со кои се уредува постапката за спроведување на референдумот, да се непристрасни во извршувањето на своите должности при што не смеат да изразат пристрасност кон изборните органи, да носат на видно место овластување – беџ издаден од ДИК, како и лична исправа и своите заклучоци треба да ги засноваат на документирани и во потврдени факти.
Акредитираните набљудувачи при спроведување на процедурата за референдумот, додаваат од ДИК, не смеат да влијаат на кој било начин во постапката на денот на изјаснувањето на референдумот, како и во постапката при броење на гласовите, не смеат да носат партиски симболи и ознаки, да даваат упатства на гласачите, изборните органи, овластените претставници и овластените службени лица и да влијаат на работата и одлуките на изборните органи.
ДИК објави табела на акредитирани набљудувачи за претстојниот референдум
Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности околу референдумот
ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум
За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна
Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд
ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот
Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот
Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август
Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот
Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните
Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници
Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО
Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда
Собранието го ратификуваше договорот со Грција
Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка
Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција
Владата го објави текстот на договорот со Грција
М.В