/ Прочитано:

1.722

Соопштение на ДЗС за издадените одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2018 година се издадени 205 одобренија за градење, што е за 10,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.945.737 илјади денари, што е за 22,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 117 (57,1%) се наменети за објекти од високоградба, 45 (21,9%) за објекти од нискоградба и 43 (21,0%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 205 објекти, на 115 (56,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 90 (43.9%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 554 станови, со вкупна корисна површина од 41.505 м2 .

М.В