/ Прочитано:

823

Соопштение на Фондот за здравствено осигурување за лековите на рецепт

„Во насока на целосно обезбедување лекови на рецепт кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, што е еден од главните приоритети на Владата на РСМ, а со оглед на тоа дека повеќе години наназад истото претставува проблем за нашите осигуреници поради постоењето на квоти на аптеките, односно финансиски лимити за аптеки за издавањето на лекови на рецепт од примарната позитивна листа, ја информираме јавноста за следното:

– Фондот интензивно презема соодветни активности и мерки за укинување на квотите на сите аптеки и за воведување нови контролни механизми при пропишувањето на лековите на рецепт на товар на Фондот во ординациите, како и за нивното подигнување во аптеките со увид во личниот документ за идентификација (лична карта или пасош) на лицето кое го подигнува лекот.

– Лекот на рецепт во аптеката осигурено лице може да го подигне само доколку се идентификува со лична карта, односно пасош. Во случај кога осигуреното лице од здравствени или други причини не е во можност лично да го подигне лекот во аптеката, лекот на рецепт во негово име може да го подигне друго лице кое треба да се идентификува со своја лична карта, односно пасош.

– Фондот за здравствено осигурување работи на намалување на ризикот од можни злоупотреби и од нерационално пропишување и користење на лековите со воведување на дополнителни процеси, апликации и контролни механизми.

– Сите овие заложби треба да овозможат достапност на лековите на рецепт во текот на целиот месец, а не како досега, кога заради исполнетите квоти по одреден ден во месецот, аптеките остануваа без лекови за осигурениците.

– Моделот на аптеки без квоти започна со примена како пилот-проект во месец август 2019 година во 43 аптеки кои се лоцирани во туристичките центри на територијата на подрачните служби на Фондот во Гевгелија, Охрид, Ресен и Струга, и тоа во следните места:

Воедно напоменуваме дека до моментот на целосно укинување на квотите на сите аптеки во месец август во овие пилот-аптеки издавањето на лековите на рецепт ќе се врши како и досега“, стои во соопштението на Фондот.

М.В