/ Прочитано:

1.022

Соопштение на Јавното обвинителство во врска со осомничените за настаните во Собранието

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петтемина осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

Надлежниот обвинител побара од Судот за лицето Ж. П. да биде укината мерката куќен притвор и да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И. Д. мерката притвор да биде заменета со мерка куќен притвор. За останатите осомничени лица Обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.

Исто така, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје за осомниченото лице Е. Д. Б. мерката притвор да биде заменета со мерка куќен притвор“, се вели во соопштението на ЈО.

М.В