/ Прочитано:

683

Соопштение на Кривичниот суд: Меѓународна потерница за обвинетиот Војминовски

„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинетиот Н. В. осуден со неправосилна пресуда во предметот со К. бр 1893/17, ја информираме јавноста дека надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор, која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година, при изрекување на првостепената пресуда, а по предлог на надлежниот Јавен обвинител,  го извести судот дека обвинетиот не се придржувал до определената мерка. По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница“, се вели во соопштението на Судот.

Никола Војминовски е  еден од тројцата осудени кои добија највисока казна од 13 и пол години затвор за обид за убиство на Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.