/ Прочитано:

1.122

Соопштение на Кривичниот суд во врска со поднесените барања за амнестија

„Заради зголемен интерес на медиумите околу барањата поврзани со Законот за амнестија кои се доставуваат до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја информираме јавноста дека до денеска напладне пред Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција доставени се 16 комплетирани барања, а во одделот Кривично полнолетни пристигнати се повеќе од 100 барања, но бројката во секој момент се менува бидејќи се очекува во следниот период во Судот да пристигнат и други барања, а откако ќе се утврди дека пристигнатите барања се комплетни, веднаш се распредуваат во работа пред кривичните совети. Со оглед дека советите  имаат рок од 5 дена за одлучување, откако ќе бидат донесени соодветни решенија во конкретните барања и откако ќе бидат доставени до надлежните институции, јавноста ќе биде дополнително информирана за конкретната бројка на донесени и доставени решенија“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.