/ Прочитано:

1.625

Соопштение на Кривичниот суд во врска со прифаќањето на мерката притвор во предметот „Титаник“

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, по ценење на фактите и доказите во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст. 1 точка 1. од ЗКП, односно ‘ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство’“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

М.В