Соопштение на Кривичниот суд за мерката притвор за осомничените за автобуската несреќа
„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои денеска беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по произнесување на лицата како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои :
За Д.Б. Р.М. и М.Т го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП.
За И.Ѓ. , Г.Д. и Ј.Б. го одби предлогот на обвинителството за определување мерка притвор со тоа што на И.Ѓ. и Г.Д им определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП, додека на Ј.Б. му определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патна исправа, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска повремено да се јавува на службено лице во судот и Забрана за вршење на работни активности. За В.Г. го прифати предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост. Против овие решенија, странките имаат право на жалба“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.
Обвинителството апелира да се почитува пресумпцијата на невиност за возачот на автобусот
Повеќе надлежни институции на состанок во Обвинителството за автобуската несреќа
Денови на жалост за граѓаните кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа
М.В