/ Прочитано:

802

Соопштение на Кривичниот суд за пресудите во врска со предметот за набавката на автобуси

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 138/21 познат како „Дизајн“, поврзан со набавката на автобуси за јавен превоз, обвинетите М.Ј., С.Ф.П. и Ј.Ј.А. своеволно ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар.
По давање на завршните зборви на надлежниот Јавен обвинител и одбраната на обвинетите кои ја признаа вината, судечкиот совет ја објави пресудата со која:

Обвинетите М.Ј., С.Ф.П. и Ј.Ј.А., обвинети за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.5 в.в ст.1 од КЗ, беа огласени за виновни и осудени на Условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку обвинетите во следните 5 години не сторат ново кривично дело. Против пресудата странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје.

Предметот за обвинетиот И.Ј., кој не ја призна вината, продолжува со главна расправа насрочена за 28.03.2022 година во 09:30 часот“, соопштуваат од Судот.