/ Прочитано:

972

Соопштение на Кривичниот суд за укинувањето на  мерката куќен притвор на пратеникот Сашо Василевски

Кривичниот суд објави соопштение во врска со укинувањето на мерката куќен притвор на пратеникот Сашо Василевски, кој е еден од обвинетите за насилството што се случи во Собранието на 27 април.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот  КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на РМ, по претходно дадено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа, како и забрана за издавање нова“, се вели во соопштението на Судот.