/ Прочитано:

2.247

Соопштение на МИОА за одлуката за утврдување на распоред на работното време

Почнувајќи од денес (1 септември 2017 година), влегува во сила ОДЛУКАТА за утврдување на распоред на работното време во Владата на РМ, министерствата и другите органи на државната управа („Службен весник на  РМ“, бр.86 од 10.7.2017 година). Во контекст на општите права на вработените во државната управа, се подразбира и правото на вработените на работно време со распоред соодветен за ефективно и ефикасно исполнување на работните задачи, а во рамки утврдени со позитивните законски одредби.

Оттука, во согласност со одредбите од Одлуката, секој вработен во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа има право да пристигне на работното место помеѓу 7:30 и 8:30 часот и да замине од работното место во периодот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, така што има обврска за исполнување на 8 часа дневно работно време. Секој орган на државната управа треба да обезбеди систем за евиденција на работното време, со цел поефикасна контрола при влез и излез на вработените.

M.В