/ Прочитано:

1.094

Соопштение на МТСП за неработните денови за Велики петок и вториот ден на Велигден

Министерството за труд и социјална политика  соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.  03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден. ​