/ Прочитано:

1.609

Соопштение на МВР за сообраќајната несреќа на автопатот Велес – Скопје

„Вчера (20.8.) околу 18:50 часот на автопатот А-1, Велес – Скопје, поточно на 250 метри пред зимскиот пункт на ‘Македонија пат’, се случила сообраќајна несреќа во која автобус марка ‘неоплан’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ‘Бус травел’ ДПУ ДООЕЛ Скопје, а управуван од возачот А.Н. (48) од Скопје, излетал надвор од коловозот и слетал во бездна“, се вели во соопштението на МВР.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сите 27 патници, кои со возила на итната медицинска помош се пренесени во болници во Велес и Скопје. Како последица од здобиените повреди, лицето Н.П. (68) од Скопје починало на КАРИЛ.

Увид на лице место изврши јавен обвинител од ОЈО Велес во содејство со увидна екипа од СВР Велес. На лице место излезе и екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Сообраќајот на таа делница од патот се одвиваше отежнато по една коловозна лента. Увидот на лице место ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

Основното јавно обвинителство – Велес работи на откривање на причините за сообраќајната несреќа на туристичкиот автобус

М.В