/ Прочитано:

877

Соопштение на Народната банка за каматните стапки

„Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити незначително се намали и се сведе на 5,19%, што преставува пад од 0,01 п.п. во однос на претходниот месец. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,38 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 1,41%, исто како и во претходните два месеца, додека на годишно ниво забележа пад за 0,04 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобренитекредити, во текот на јуни, забележа мал месечен раст за 0,02 п.п. и изнесува 4,70%, додека споредено на годишна основа е остварен пад од 0,27 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,15% и на месечно и годишно ниво се намали за 0,16 п.п. и 0,14 п.п., соодветно“, се вели во соопштението на Народната банка, кое може да се преземе во целост.