/ Прочитано:

696

Соопштение на Народната банка за монетарните движења

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за монетарните движења во Република Северна Македонија за месец јануари 2020 година.

Во согласност со сезонските движења, паричната маса (монетарниот агрегат М3) бележи надолна месечна промена од 1,5%. На годишна основа таа е зголемена за 7,8%.

Вкупните депозити  се намалија на месечна основа за 1,0%, но на годишна основа продолжија да растат, за 9,3%, при раст на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити на месечна основа останаа непроменети, додека на годишна основа се зголемија за 6,8%, при поголем придонес во растот на секторот „домаќинства“. Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, во согласност со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во јануари е забележан раст од 8,0% на годишно ниво.

М.В