/ Прочитано:

972

Соопштение на Народниот правобранител во пресрет на референдумот

Народниот правобранител во пресрет на претстојниот референдум ги информира граѓаните дека од понеделник, 17 септември, ќе отвори бесплатна телефонска линија 0800 54321 со цел да им помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став во однос на референдумското прашање.

Народниот правобранител потсетува на исклучителната важност од остварувањето на правото на непосредно изјаснување и смета дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став во однос на ова референдумско прашање е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството.

Народниот правобранител истовремено ги потсетува сите чинители во општеството и апелира до нив да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување, а ги охрабрува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават.

Попречувањето на слободното излегување и изразување на своето мислење на референдумот граѓаните можат и лично да го пријават во канцелариите на Народен правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, секој ден, како и на денот на референдумот.

М.В