/ Прочитано:

1.345

Соопштение на Судскиот совет за изборот на претседатели на судови и разрешувањето судија

„Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 377-та седница  одржана на ден 05.07.2021 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

  1. Елјеса Алији судија на Основен суд Гостивар е избран за претседател на Основен суд Гостивар по оглас број 09-1697/2 од 04.11.2020 година.
  2. Мерсим Марку судија на Основен суд Дебар е избран за претседател на Основен суд Дебар по оглас број 09-598/2 од 13.04.2021 година.
  3. Кандидатот за претседател на Основен суд Виница не го доби потребното мнозинство согласно законот и донесе Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Виница.

​Марица Аврамчева Зафирова судија на Основен суд Гевгелија е избрана за претседател на Основен суд Гевгелија по оглас број 09-684/2 од 23.04.2021 година.

Лилјана Додевска судија на Основен суд Свети Николе е избрана за претседател на Основен суд Свети Николе по оглас број 09-684/2 од 23.04.2021 година.

  1. Расправаше по извештаите на комисиите на известители по поднесените барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и одлучи:
  • Разрешен е 1(еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција.
  • Запрена е постапката по 1(едно) барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
  1. Донесени се одлуки за престанок на судии поротници во Основен суд Охрид, Основен суд Кавадарци и Основен граѓански суд Скопје и за избор на судии поротници во Основен суд Охрид.
  2. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 2(двајца) судии кривична материја и 2(двајца) судии граѓанска материја во Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 4(четворица) судии кривична материја и 4(четворица) судии граѓанска материја во Апелациониот суд Скопје.

Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 2(двајца) судии кривична материја во Апелационен суд Гостивар.

Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 1(еден) судија во Основен кривичен суд Скопје.

Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 1(еден) судија во Основен суд Штип.

Донесени се Одлуки по поднесени барања од судии за надоместок на закупнина на стан и надоместок на трошоци за превоз“, соопштуваат од Судскиот совет.

M.В