/ Прочитано:

2.034

Соопштение на Судскиот совет за изборот на претседатели на судови и судии во Управниот суд

Судскиот совет на Република Северна Македонија соопштува дека на денешната седница ги усвои конечните ранг-листи на кандидатите за претседатели на Основниот суд Битола со Одделение во Демир Хисар, Основниот суд Велес, Основниот суд Делчево, Основниот суд Кавадарци, Основниот суд Кичево со Одделение во Македонски Брод, Основниот суд Крива Паланка, Основниот суд Прилеп, Основниот граѓански суд Скопје и Основниот суд Штип.

На денешната седница, додаваат од Судскиот совет во соопштението, донесени се одлуки за избор на претседатели, по оглас бр. 08-253/2 од 7.2.2019 година, и тоа:

  • Одлукa за избор на претседател на Основен суд Битола со Одделение во Демир Хисар на Миле Димовски, судија на Основниот суд Битола со Одделение во Демир Хисар.
  • Одлукa за избор на претседател на Основен суд Велес на Лидија Димова, судија на Основниот суд Велес.
  • Одлукa за избор на претседател на Основен суд Делчево на Миле Ѓорѓиев, судија на Основниот суд Делчево.
  • Кандидатот за претседател на Основен суд Кавадарци не го доби потребното мнозинство на гласови од членовите на Советот со право на глас;
  • Одлукa за избор на претседател на Основен суд Кичево на Амдије Зенку, судија на Основниот суд Кичево со Одделение во Македонски Брод.
  • Одлукa за избор на претседател на Основен суд Крива Паланка на Љубица Цветковска-Стојановска, судија на Основниот суд Крива Паланка.
  • Одлукa за избор на претседател на Основен суд Прилеп на Зоран Стеваноски, судија на Основниот суд Прилеп.
  • Одлукa за избор на претседател на Основен граѓански суд Скопје на Илир Сулејмани, судија на Основниот граѓански суд Скопје.
  • Одлукa за избор на претседател на Основен суд Штип на Ѓорѓи Андонов, судија на Основниот суд Штип.
  • Одлука за избор на претседател на Основен суд Неготино, по оглас бр. 08-795/2 од 14.5.2019 година за Билјана Толова, судија на Основниот суд Неготино.
  • Одлука за избор на претседател на Виш управен суд, по оглас бр. 08-868/2 од 22.5.2019 година за Исмета Амет, судија на Управен суд.
  • Одлука за избор на 2 (двајца) судии, по оглас бр. 08-45/2 од 15.01.2019 година, и тоа:
  • Одлукa за избор на судија на Управен суд на Александар Чичаковски, поранешен претседател на Државната изборна комисија.
  • Одлукa за избор на судија на Управен суд на Елеонора Хамулиќ-Ајро, кандидат од Академијата за судии и јавни обвинители.

М.В