/ Прочитано:

1.236

 Соопштение на Судскиот совет за последните донесени одлуки

„Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 310. седница одржана на 10.6.2019 година, одлучи за следново:

Усвоен е Записникот од 303. седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 17.4.2019 година и 18.4.2019 година

Донесени се решенија за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот согласно со Законот за судови, и тоа за: Ленче Делипетрова-Атанасова, судија на ОС Кавадарци; Солтир Ташков, судија на ОС Штип; Амди Мифтари, судија на ОС Тетово; Шемседин Јусуфи, судија на ОС Тетово, член на Судскиот совет на РСМ; Станка Кимова, судија на ОС Гевгелија.

Донесена е одлука со која е формирана Комисија за изработка на деловник за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Усвоени се извештаите на Комисијата за проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатите за судии за Апелационен суд Скопје и за Управен суд.

Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Северна Македонија за првото тримесечје за 2019 година, и тоа за: Врховен суд на Република Северна Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелациско подрачје Скопје, апелациско подрачје Битола, апелациско подрачје Гостивар и апелациско подрачје Штип.

Донесени се одлуки по 2 (две) барања за утврдување на одговорност на судија и се формирани комисии, а за 1 (едно) барање поради немање на потребно мнозинство согласно со законот не е донесена одлука за навременост и целосност.

Донесено е Решение за времено оддалечување на судија од вршење на судиска функција.

Донесени се 2 (две) решенија за ставање вон сила на решенијата за времено оддалечување од вршењето на судиската функција.

Донесено е решение за продолжување на мандатот на Станка Везенковска, судија на Основен кривичен суд – Скопје, врз основа на изјава за продолжување на мандатот согласно со Законот за судови.

Член на Судскиот совет на РСМ е изземен од постапување по претставката УПП.бр.08-4/19“, се вели во соопштението на Судскиот совет.