Соопштение на Судскиот совет за разрешувањето на судија и за други донесени одлуки
„Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 359-та седница одржана на ден 20.01.2021 година, го измени Дневниот ред и одлучи за следното:
1. Усвоен е:
- Записникот од 350-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 30.10.2020 година.
- Записникот од 354-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 30.11.2020 година.
- Записникот од 355-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 9.12.2020 година.
2. Донесена е Oдлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Берово и Основен суд Виница.
Точките 3 и 4 од Дневниот ред се повлечени.
5. Донесени се заклучоци дека Судскиот совет не е надлежен да одлучува по приговорите изјавени од страна на судиите против распоредите за работа на судиите за 2021 година, донесени од претседателите на судовите и истите да се препратат на одлучување до Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
6. Донесена е одлука со која се утврди престанок на судиската функција на Јулијана Гаревска, судија на Основниот суд Куманово, по сопствено барање.
7. Во постапките за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд се донесени следните одлуки:
- По едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд е продолжена постапката.
- Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.
8. Формирани се комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд“ се вели во соопштението на Судскиот совет.
М.В