/ Прочитано:

1.042

Соопштение на Судскиот совет за разрешувањето на судија

„Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 363-та седница,  одржана на ден 16.2.2021 година, одлучи за следното:

  1. Усвоен е:
  • Записникот од 359-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 20.1.2021 година.
  1. Донесена е одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.
  2. Формиранa e Комисија на известители по поднесено барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд“, се наведува во соопштението на Судскиот совет.

М.В