/ Прочитано:

2.975

Соопштение на Управата за финансиска полиција: Кривични пријави за градоначалник на Општина Карпош

„Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата С.Ј. во својство на градоначалник на Општина Карпош, М.Д. – раководител на сектор за јавни набавки, Н.Н. – помошник раководител на сектор за финансиски прашања, С.М. – раководител на Одделение за норматива во правен сектор и А.С. – раководител на Одделение за сметководство, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, казниво по член 353 ст. 5 в.в. ст. 1 в.в. со продолжено кривично дело член 45 и в.в. со соизвршителство, член 22 од Кривичниот законик на РМ“, се вели во соопштението на Управата за финансиска полиција.

М.В