/ Прочитано:

2.038

Соопштение на Врховниот суд на РМ за одржаната општа седница

Врховниот суд на Република Македонија објави соопштение во врска со општата седница на Врховниот суд која се одржа денеска.

„Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека денес беше одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Македонија на која:
Барањето за изземање на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија поднесно од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, беше одбиено;
Приговорот на судија на Врховниот суд на Република Македонија изјавен против Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за распоредот за работа на судиите и судската администрација во Врховниот суд на Република Македонија за 2017 година, беше одбиен;

Сите 17 приговори на судиите на Основен суд Скопје 1 Скопје изјавени против Годишниот распоред за работа на судиите на Основен суд Скопје 1 Скопје за 2017 година, се одбиени“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

М.В