/ Прочитано:

895

Соопштение на Врховниот суд за жалбата на Јово Вангеловски

Врховниот суд ја одби жалбата на поранешниот претседател Јово Вангеловски како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет.

„Жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчерашната седница расправаше по повод поднесената жалба од поранешниот претседател – судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр. 08-11/30 од 23.09.2019 година за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција претседател на суд. На истата седница жалбениот совет донесе одлука со којашто жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр. 08-11/30 од 23.09.2019 година“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Разрешен Јово Вангеловски

М.В