Соопштение од 438-та седница на Судскиот совет на РСМ
Соопштенија за јавност
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 438-та седница одржана на ден 26.04.2023 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
1. Усвоен е:
– Записникот од 436-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 29.03.2023 година
2. Весна Дамева е разрешена од функцијата претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија
Се закажува седница за 27.04.2023 година во 11,00 часот со точка на дневен ред – Избор на Претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија.