/ Прочитано:

2.798

Соопштение од УЈП во врска со „Мој ДДВ“

„Согласно член 8 и член 16 од Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица (Службен весник на РСМ, бр. 133 од 28.06.2019 година), Управата за јавни приходи по службена должност во декември 2019 година ќе изврши враќање на дел од данокот на додадена вредност на трансакциска сметка на граѓаните корисници на апликацијата МојДДВ.
За таа цел, за да може да се изврши точно и непречено враќање на данокот, Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните кои ја користат апликацијата МојДДВ да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не е внесена, да ја внесат во апликацијата МојДДВ за да им се изврши враќањето на данокот.

Напоменуваме дека корисниците на апликацијата Мој ДДВ треба да внесат лична трансакциска сметка, во спротивно нема да може да се изврши враќање на данокот“, соопштуваат од УЈП.