/ Прочитано:

755

Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд со амбасадорката на САД

„На средбата одржана помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија,  Кејт Мари Брнс, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на остварувањето на уставната функција на Судот, со посебен осврт на заштитата на слободите и правата пред Уставниот суд, како и за унапредувањето на меѓусебната соработка и начините за нејзино остварување.

Претседателот Сали Мурати ја запозна амбасадорката Брнс со предизвиците со кои се соочува Судот и со активностите што се преземени во периодот по неговото стапување на функцијата претседател на Судот, кои се со цел обезбедување на целосна независност и самостојност како основен предуслов за функционирањето на еден орган кој има задача да ги штити уставноста, законитоста и слободите и правата на граѓаните.

Амбасадорката Кејт Мари Брнс забележа дека само независни институции можат да бидат силни и демократски институции во едно општество и во тој контекст ја искажа својата поддршка за идни заеднички активности“, соопштуваат од Уставниот суд.