/ Прочитано:

656

Соопштение за новите олабавени мерки

„Владата на Република Северна Македонија  ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести, утврдени како предлози на 39-тата седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на КОВИД-19.

Почнувајќи од 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања:

– Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;
– Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;
– Се укинува забраната за групирање на јавен простор;
– Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;
– Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;
– Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина; и
– Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година“, соопштуваат од Владата.

НУК реагира за новите протоколи за угостителските објекти

Главниот кризен штаб ги прифати предлозите на Комисијата за заразни болести

Заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, полицискиот час да остане на сила

Мерките за ограничување на движењето ќе продолжат до 1 јуни

Комисијата за заразни болести предлага да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки

Соопштение за новите рестриктивни мерки

Полициски час од 24:00 часот, угостителските објекти да работат до 23:30 часот – Комисијата донесе повеќе олабавени мерки

Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на МЗ за забраната за движење

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за намалување на рестрикциите

Нови рестриктивни мерки

Рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, со некои исклучоци

Детали за новите рестриктивни мерки во пресрет на празниците

Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април

Секој граѓанин којшто ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен за да стигне во својот дом

МИОА објави детали во кои случаи е дозволено движење за време на забраната

Донесена одлуката за забрана за движење од 22:00 до 5:00 часот

М.В