Соопштение за полагање испит за овластен геодет
Агенцијата за катастар на недвижности соопштува дека во месец февруари 2020 година ќе одржи испитна сесија за полагање на испитот за стекнување овластување за овластен геодет.
Првиот дел од испитот ќе се одржи на 17 февруари 2020 година, а вториот дел од испитот ќе се одржи на 4 март 2020 година.
Јавната база на прашања и студиите на случај се достапни на следниот линк: http://prasanja.mk/QBank/PublishQuestions/
Прописите и литературата за полагање на испитот се содржани во Програмата за полагање на испитот за стекнување овластување за овластен геодет, која е достапна на следниот линк: http://www.katastar.gov.mk/pravilnici/ProgramaZaPolaganjeIspit.pdf