/ Прочитано:

607

Соопштение за состанокот на Работната група за измени на Изборниот законик

„Во организација на Министерството за правда, во Клубот на пратеници попладнево се одржа состанок на Работната група за измени на Изборниот законик, на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица, ВМРО – Народна партија, ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз, како и министерот за правда, Бојан Маричиќ, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На првиот состанокот, кој помина во конструктивна атмосфера, се отворија политичките прашања во однос на изборните модели и можните измени. Сите претставници ги изнесоа своите ставови, предлози и размислувања за измените.

Договорено е овие разговори да продолжат следната недела, а на истите да бидат поканети и парламентарните партии на помалите етнички заедници“, соопштуваат од Министерството за правда.

Група пратеници предлагаат законски измени за воведување една изборна единица со отсуство на изборен праг

М.В