/ Прочитано:

971

Соопштението на Кривичниот суд за продолжувањето на мерката притвор за лицата кои се гонат за настаните во Собранието

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор и мерката куќен притвор за 29 лица, а во врска со настаните од Собранието на Република Македонија од 27 април, донесе решенија со кои го прифати предлогот на Обвинителството и за К.М., С.В., Љ.А., М.Ч., Д.Л., Г.Ѓ., О.П., О.Р., М.П., А.А., Е.Д.Б., И.Ц., Б.Д., Б.И., В.Ј., И.Д., М.П., З.С., Ј.Ч., И.С., Г.А., В.Т. и В.М. ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена.За Љ.Д., Ј.Т., Ж.П. и С.М., го прифати предлогот на Обвинителството за продолжување на мерката куќен притвор. Додека за С.М. и М.М. го прифати предлогот на Обвинителството за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор. Против овие решенија дозволено е право на жалба до Апелациониот суд во рок од 48 часа по приемот на решенијата“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.